Движењето Антикоцкање најави блокирање на автопатот Тетово-Скопје

од Берта Китинска
324 прегледи

Движењето Антикоцкање од Тетово во знак на незадоволство што нема измени во Законот за игри на среќа најави дека ќе го блокира сообраќајот на автопатот Тетово-Скопје. Тоа, според нив, ќе се направи на денот кога ќе почне предизборната кампања.

„Ги информираме граѓаните и граѓанските здруженија дека на денот кога почнува предизборната кампања Движењето ќе го блокира одвивањето на сообраќајот на автопатот кон Скопје, кај патарината кај Желино од 10 часот, истакна на прес-конференција“, Џемал Абдиу, претставник на Движењето „Антикоцкање“.

Тие се незадоволни што политичките партии во Собранието не го ставија законот на дневен ред на седница, иако имало комисиска расправа.

„Причината поради која го немаме долгоочекуваниот закон се двете партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Рековме дека јавно ќе ги демаскираме сите оние кои што ќе застанат на страна на коцкањето и не го усвоија законот“, рече Абдиу, повикувајќи ги партиите во изборната програма приоритет да им биде Законот за игри на среќа.

Главното барање на „Антикоцкање“ е дислокација на објектите каде се приредуваат игрите на среќа.

Слични содржини