За 75-от роденден Доли Партон планира да се појави во Плејбој

од Elena Daskalova
356 прегледи

Американската кантри-пејачка наполни 74 години и притоа најави дека за следниот, 75-от роденден, планира да се фотографира за списанието Плејбој и тоа на насловната страница.

Во емисијата „60 минути“ која ја снимаше во Австралија, пејачката потсети дека веќе еднаш се појави на насловната страница на Плејбој кога имаше 32 години и смета дека возраста не е никаков проблем.

„Немам намера да се пензионирам, но не знам дали ќе ме фотографираат повторно за насловната страница“, изјавила таа.

Наскоро Доли ќе го промовира и нејзиниот биографски филм, почнувајќи од детството, па до станувањето светска ѕвезда.

Слични содржини