Пенелопе Круз и Виона Рајдер застанаа на страна на Џони Деп во судската тужба која актерот ја поднесе против поранешната сопруга Амбер Херд.
Амбер минатата година дала големо интервју за Washington Post во кое себе си се опишала како жртва на семејно насилство и злоставување, а Деп веднаш ја обвини за клевета. Двете актерки, сега потпишале изјава во која тврдат дека ќе сведочат на суд во корист на Деп.
– Свесна сум дека Абер Херд во последниве неколку години често истапуваше во јавноста и го обвинувала Деп за семејно насилство, но од моето искуство со Џони, не можам никако да го поврзам со тоа. Не сакам никого да го наречам лажго, но не верувам дека тие ужасни обвинувања на негова сметка се вистина. Ме вознемирува бидејќи еднакво добро го познавам како и Амбер – напишала Виона Рајдер во исказот кој се наоѓа во судот, пренесува People.
Рајдер беше во врска со Деп четири години и веќе има изјавено дека никогаш не бил насилен за време на врската која започнала во 1990. Парот се свршил пет месеци подоцна, но сепак патиштата им се разделија.
– Го познавам како добар и грижлив човек кој е многу, многу заштитнички настроен кон оние кои ги сака – рекла во еден момент.
И Пенелопе Круз слично го опишала искуството со Деп. Во својата изјава пред судот рекла дека никогаш не го видела Деп како насилник, иако го познава откако имала 19 години.
– Од тогаш поминаа многу години, но можам да кажам дека, освен што имаме снимено три филма, тој остана мој добар пријател. Отсекогаш ме импресионираше неговата љубезност, умот и талентот, како и добрата смисла за хумот – рекла Круз.