336
Поранешното момче на Џенифер Лопез, Дејвид Круз, починал на 51-годишна возраст, пренесува ТМЗ.
Тие биле во врска во средношколските денови, односно кога Џенифер имала 15, а тој 16 години и се гледале долго време.
Како што дознаваат светските медиуми, тој починал поради срцеви проблеми.
Неговата сопруга за него вели дека бил одличен партнер и добар татко на нивниот син.