Вестер ѕвездата Теренс Хил: Останувам дома, чувајте се

361 прегледи

„Пријатели, останувам дома. Чувајте се и бидете силни! Поздрав, Теренс“, објавил на Фејсбук италијанскиот актер Теренс Хил, познат по улогите во вестерн филмовите и комедиите и на тој начин се продружи на акцијата за спречување на ширењето на коронавирусот.

На фотографијата се гледа како тој чита Tex Willer, италијански вестерн стрип.

Марио Гироти, попознат како Теренс Хил, се уште е популарен благодарение на улогата на свештеник детектив во италијанската телевизиска серија Don Matteo.

Бад Спенсер и Теренс Хил заедно снимиле преку 20 филмови, повеќето комедии, кои беа многу популарни во Европа.

– Никогаш не се раздвоивме бидејќи ‘кликнавме’ на прва, не знаеме зошто, но функционираше магично – рече Теренс Хил во неодамнешното интервју за партнерството со Бад Спенсер, кој почина во 2016 година.

Нивниот најпопуларен филм е „Викај ме Тринити“ од 1970 година, а последниот „Troublemakers“ го снимиле во 1994 година.

Слични содржини