Град Скопје за време на викенд карантинот подготви сервисни информации кои ќе им бидат од корист на граѓаните на главниот град.

-Во летоците што ги подготвивме за Вас, прочитајте ги новите насоки за подигање на отпадот од домаќинствата и за работата на инспекциските служби на Град Скопје и на Архивата. Информирајте се за новиот возен ред на автобусите на ЈСП и за саатниците за изнесување на милениците, во услови на вонредна состојба и полициски час- стои во Фејсбук објавата на градот.

Доколку имате потреба, побарајте помош и поддршка од мобилните тимови на Црвениот крст за набавка на лекови, прехранбени продукти и средства за лична хигиена за ранливите категории граѓани.

Градот Скопје изминатиов период го прилагоди работното време на своите служби и на јавните градски претпријатија со единствена цел – да го заштити здравјето на граѓаните од ширењето на корона вирусот.