„Македонија се соочува со нови ирационални предизвици и препреки. Согласно јавно објавениот документ видлив на веб-страната на Австрискиот Парламент ноторно е дека се воспоставени дополнителни услови и пречки за Република Македонија поврзани со закажувањето на првата меѓувладина конференција, односно отворањето на пристапните преговори за членство со ЕУ“, вели денеска Тимчо Муцунски, Секретар за меѓународна политика на ВМРО-ДПМНЕ.
„Еден од повеќето спорни аспекти во овој документ e поврзувањето на почетокот на преговорите со барање на Република Бугарија за понатамошно именување на македонскиот јазик како „официјален јазик на“ државата со новата придавка. Истовремено, се бара и од институциите на ЕУ да не го признаваат постоењето на посебниот македонски јазик. Согласно денешна изјава на претставник на официјална Софија, Европратеникот Ковачев, ставoт на Бугарија е потврда дека за жал Владата на СДСМ до сега не ја кажуваше вистината во врска со ова клучно прашање за нашата земја“, посочува Муцунски.