227
Сите 146 примероци за физичко-хемиска и 146 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење што ги зема Секторот за санитарна контрола во периодот од 20 до 24 април годинава од 38 мерни места во Град Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Оттаму посочуваат дека тоа го покажуваат добиените резултати од испитувањата и анализите што ги направи Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.