Скопјанка украла книги во вредност од околу 6 илјади евра

од Берта Китинска
256 прегледи

Триесет и двегодишната Д.И. од Скопје во неколку наврати украла разновидни книги од фирмата во која била вработена.

Како што информира полицијата, за неа е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело затајување.

„Во периодот од септември до ноември 2019 година, пријавената, вработена во фирма од Скопје, во повеќе наврати од фирмата изнела и присвоила за себе поголема количина разновидни книги“, информира полицијата.

Таа се здобила со противправна имотна корист во износ од 355.625 денари или околу 6 илјади евра.

Слични содржини