Чулев за сите активности морал да се консултира со Мицкоски?

од Vladimir Zorba
163 прегледи

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, во вчерашното интервју за ТВ 24 на прашање за шпекулациите дека функционирал како „тастер“ на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, односно дали преку смс пораки го информира за текот на владините седници, одговори дека тој морал да се консултира со претседателот на опозициската партија.

„Значи, видете… значи јас морам да се консултирам… не е баш така како што кажуваат, меѓутоа за сите активности мои во рамките на владата, јас морам да се консултирам со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Чулев во интервјуто.