323
Во локалната телевизија во Никшиќ гостуваше вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, а во тој град во исто време имаше и демонстрации против промената на власта.
Група демонстранти, кои излегоа на протестот организиран од Демократска Црна Гора во Никшиќ, го чекаа Абазовиќ пред зградата на РТВ Никшиќ, каде што тој беше гостин.
Кога се појави Абазовиќ почнаа да скандираат „Предавство“ и „Зеде пари Дритане“.
Блиската средба заврши неочекувано, бидејќи Абазовиќ се приближи до група демонстранти и им скандираше и аплаудираше, објавено е на Фејсбук страницата на движењето УРА, јавуваат црногорските медиуми.