Абдула Втори: Помошта за Газа мора да се удвои за да се избегне катастрофа

од Radmila Tasevska
305 прегледи

Помошта за Појасот Газа мора да се удвои за да се избегне влошување на и онака „катастрофалната хуманитарна ситуација“, изјави денеска јорданскиот крал Абдула Втори.

„Меѓународната заедница треба да изврши поголем притисок врз Израел за да ги олабави ограничувањата за снабдувањето со храна за Газа“, и рече јорданскиот монарх на шефицата на  Американска агенција за меѓународен развој (УСАИД) Саманта Пауер, која е во посета на Јордан.

Јордан ги повикува своите западни сојузници да влијаат на Израел за зголемување на помошта што доаѓа од Јордан преку преминот Керем Шалом.

Кралот ја истакна потребата од отворање копнени премини и повеќе воздушни транспортери за помош на жителите на Газа.

Подоцна, тој се качи на јордански воен авион кој учествуваше во операцијата спроведена заедно со воздухопловните сили на неколку други земји за испуштање храна над Газа.

Во операцијата учествуваа авиони од Египет, Катар, Франција и Обединетите Арапски Емирати.

Слични содржини