Аца Лукас приведен во Шведска – пејачот се огласи и ги откри деталите

од Весна Трајкова
44 прегледи Фото: Принтскрин / Инстаграм

Српскиот фолк пејач Аца Лукас бил приведен од граничната полиција во Гетеборг, дознава српскиот таблоид „Курир.“

Лукас требало да одржи концерт со Стефан Ѓуриќ Раста и Амар Гилета Јашарспахиќ, но планот бил променет поради проблеми со документацијата со шведскиот организатор.

По инцидентот, Лукас се огласил и ја открил вистинската причина зошто му било забрането да настапува во Шведска.

Наместо спектакл, публиката останала без концерт, а Лукас најавува судска постапка против одговорните.

„Да, вистина е дека не ни дозволија да настапуваме бидејќи организаторот имаше неправилни документи. Ќе го тужиме организаторот бидејќи ни предизвика големи непријатности. Публиката што не можеше да ме слуша треба да бара враќање на парите за билетите“, изјавил Лукас за „Хајп ТВ“.

Според информациите на „Курир“, ситуацијата се случила на аеродромот, каде што властите извршиле проверка на патниците. Додека Раста и Гиле ја поминале пасошката контрола без никакви проблеми и влегле во Шведска, на Лукас му бил одбиен влез.

Извори блиски до случајот тврдат дека пејачот бил приведен на дополнително испрашување, по што е донесена одлука да не му се дозволи влез.