Афроамериканецот Ерик Адамс, поранешен полицаец кој се борел против расната дискриминација во полициските сили, најверојатно ќе стане нов градоначалник на Њујорк.
Демократскиот политичар од десниот центар, ќе стане само вториот Афроамериканец на чело на Њујорк работа која често се опишува како втора најтешка во САД, по претседателската.
Адамс е роден во сиромашно семејство во Бруклин и како тинејџер бил лидер на банди пред да се приклучи на полицискиот оддел во Њујорк (NYPD), а потоа станал политичар.
Адамс се смета за силен лидер: тој е поддржувач на работничката класа и борец против расната неправда, остар против криминалот и пријателски настроен кон големите бизниси.
Како градоначалник на повеќе од осум милиони луѓе, тој ќе го надгледува најголемиот градски буџет во Америка, најголемата полиција и најраспространетиот државен училишен систем.