Адвокатот на рускиот опозиционер: Навални негативен на тестот за Ковид 19

372 прегледи

Затворениот критичар на официјалниот Кремљ, Алексеј Навални е негативен за вирусот корона, изјави денес неговата адвокатка Олга Михајлова.

Навални (44), противник на претседателот Владимир Путин, минатата недела објави дека ќе штрајкува со глад во знак на протест затоа што, како што рече, затворските власти одбиваат да му обезбедат соодветна медицинска нега поради акутна болка во грбот и ногата, потсетува Ројтерс.

Групата за човекови права „Амнести Интернешнл“ порано денес објави дека Навални е приведен во услови што претставуваат тортура и кои можат постепено да го убијат.

Слични содржини