184
Летовите на меѓународниот аеродром во Дубаи беа прекинати на 25 минути во вторникот поради силно невреме, се вели во соопштението.
Набргу откако ситуацијата се стабилизираше со текот на времето, аеродромот започна со работа, се вели во соопштението кое го пренесува Ројтерс.
Заклучно со 12:02 часот утринава, откажани се вкупно 21 појдовни и 24 влезни летови, а три лета се пренасочени кон други соседни аеродроми, изјави портпаролот на аеродромот за Gulf News.
Дубаи, и пошироко Обединетите Арапски Емирати, викендов беше погоден од силно невреме кое предизвика поплави и ги прекина летовите на најпрометниот аеродром во светот.
Во Дубаи за само шест часа наврна големо количество дожд.