Аеродромот во Тирана на прво место во Европа според бројот на патници

од Milan1
72 прегледи

Неколку години по ред бројот на патници кои ја користат услугата на меѓународниот аеродром во Тирана е во постојан раст. Ова го потврдуваат и најновите податоци објавени од Меѓународниот совет на аеродроми. Податоците од овој графикон покажуваат дека за периодот јануари-август 2024 година, во однос на истиот период од 2019 година, бројот на патници што го користеле аеродромот во Тирана е зголемен за 259,4 отсто. Албанија горда, напиша премиерот Еди Рама на Фејсбук.

Минатата година регистрирани биле 7,5 милиони патници, а за годинава се очекува бројка повисока од 10 милиони. Како што наведува Рама само во јули имало над 1,2 милиони патници.

Услугите на овој аеродром, од каде моментно може да се патува на повеќе од 100 дестинации, ги користат и се поголем број македонски, косовски и црногорски граѓани.