8
Екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) денеска ја именуваше Алиса Вајдел за своја кандидатка за канцеларка на претстојните парламентарни избори.
Вајдел беше едногласно избрана за кандидатка за канцеларка на партиската конференција во Риеса, Саксонија, без друг кандидат, јави јавниот сервис БР 24.
Вајдел, која е лидерка на партијата и парламентарната група, вети дека Германија повторно ќе купува руски гас од гасоводот „Северен тек“ преку Балтичкото Море.