Агенциите за давање отказ сѐ побарани во Јапонија

од Milan1
514 прегледи

Давањето отказ преку агенција во име на работникот е сѐ позастапено во Јапонија последниве години. Така вработените ги напуштат компаниите, без да мора лично да дадат оставка, од причини како што се вознемирување на работното место или неповолна работна средина.

Секторот бележи раст, па денес има 100 агенции коишто нудат вакви услуги. Во прилог на растот оди и недостигот на работна сила поради стареењето на населението, како и неусогласеноста на вредностите меѓу помладите работници и „старомодните“ компании, според тамошните медиуми.

Цените за услугите се движат од 20.000 до 50.000 јени (120 – 300 евра).

Корисници на ваквите услуги најчесто се помлади вработени, на возраст од 20 до 30 години, кои сочинуваат 60 отсто од клиентите на ваквите агенции. Меѓу најчестите причини за отказ, се непријатната личност на претпоставен или ангажираност на временски период, наведуваат некои агенции.

Слични содржини