Акциите на производителот на „Рафал“ паѓаат, акциите на Кинезите што произведуваат авиони за Пакистан растат

од Milan1
72 прегледи

Француската компанија „Дасолт Авиејшн“, производител на борбените авиони „Рафал“, забележа пад на акциите за 3,3 проценти за два дена откако Пакистан соопшти дека соборил неколку индиски воени авиони, вклучувајќи ги и „Рафал“, за време на неодамнешната прекугранична ескалација.

Вредноста на акциите на францускиот гигант падна од 331,2 евра (373,8 американски долари) во вторник на 320,2 евра во четврток во девет часот по средноевропско време.

Пакистанските власти соопштија дека собориле пет индиски борбени авиони, вклучувајќи три „Рафали“, откако Индија ја започна операцијата „Синдур“ доцна во вторникот, насочена кон она што Њу Делхи го нарече девет локации на „терористичка инфраструктура“ во Пакистан и Кашмир, кој е под пакистанска администрација.

Индиските власти сè уште не ги коментираа тврдењата на Пакистан.

Потврдата за соборувањето дојде од француски разузнавачки службеник.
Во меѓувреме, Си-Ен-Ен вчера објави дека висок функционер на француското разузнавање потврдил дека Пакистан соборил еден авион „Рафал“ и дека француските власти истражуваат дали е соборен повеќе од еден „Рафал“.

Си-Ен-Ен објави дека ова „би бил прв пат еден од софистицираните француски воен авион да биде изгубен во борба“.

Спротивно на тоа, кинеските акции на „Ченгду Еркрафт Корпорејшн“ (ЦАК), производител на пакистанските авиони J-10C и JF-17 за кои се вели дека се користени за соборување на индиските авиони, пораснаа за повеќе од 30 проценти. Борбениот авион „Рафал“ моментално се користи во шест земји – Франција, Египет, Индија, Хрватска, Грција и Катар.