Движењето за обнова на Кралството Србија (ПОКС) со соопштение бара од министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ да објасни како е можно уредот што го претставил како мегафон да биде купен за 81 милион динари. Оваа партија прашува и зошто е увезен од фирмата „СДПР“ која увезува само оружје?
„Слушнавме секакви работи од Ивица Дачиќ, дека немаме, а сепак имаме звучен топ, дека не е отпакуван и дека е, но не се користи, и сите едвај чекаме да го слушнеме одговорот на прашањето, ако е обичен мегафон, зошто чини толку многу и зошто би бил увезен од фирма која е само увозник на оружје. Вучиќ вети дека нема да биде претседател доколку бил употребен звучен топ и затоа и тој и Ивица Дачиќ толку се вплеткаа во лаги. Тие по секоја цена мора да докажат дека не е точно она што им е на сите веќе јасно, дека е употребено некакво оружје против граѓаните кои мирно стоеја на протести и никого не загрозуваа“, изјави претседателот и пратеник на ПОКС, Воислав Михаиловиќ.