Во главниот град денес осамна банер, на кој по повод 9. декември – светскиот ден на борба против корупцијата, пишуваше „Ако не им дадев на судиите 20.000 евра сега ќе лежев затвор“, поздрав од Будимпешта.
Веројатно дел сметаат дека нема напредок кога е во прашање корупцијата во земјата, иако претходно денес, генералниот секретар на Владата, Љупчо Николовски,оцени дека влјата кај сите е силна во однос на справување со корупцијата и криминалот во земјава.
„Во четиригодишната програма на Владата поставивме јасни столбови во борбата против корупцијата, преку воспоставување соодветни механизми и отворена и редовна меѓуинституционална соработка и комуникација, помеѓу владините и независните институции.
На денешната конференција на Државната Комисија за спречување на корупција ја поддржав нивната важна улога во борба со корупцијата за експедитивно решавање на овој комплексен феномен. Очекувам дека целокупната борба против корупцијата значително ќе се подобри веднаш штом ДКСК ги развие електронската изјава за имотна состојба и интерес за функционерите како и софтверот за непосреден електронски пристап до базите за податоци на 17 институции“, посочи Николовски.
По однос на ова прашање и одбележувањето на 100. дена Владата, лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пак, го истакна следново:
Стара влада, упропастени нови 100 дена. Криминал, корупција, рекет, сиромаштија на народот. 100 дена влада, 100 дена хаос во државата.“
„СДСМ ветија живот, можеле подобро, можеле повеќе, а за 100 дена добивме: Вето на патот кон ЕУ, загубена интеграција. Трговија со идентитет – загубено достоинство. 1400 загубени животи за само сто дена. Поскапа струја. Загубени заштеди – пропадната банка. Втор ТАТ, овој пат тежок 200 милиони евра. Економија во рецесија. Ова не се работи кои се случија за 10 години, туку загуби за 100 дена Влада на Заев“, посочи Мицкоски во денешното обраќање.