Никој не знае каде ќе сопре Русија ако тргне во војна со Украина, истакна поранешниот украински претседател Петре Порошенко.
Тој предупредил дека војната би можела да се прошири низ цела Европа и да стигне до Бугарија.
„Ова не е украинска криза, туку е руска агресија. Никој не знае каде ќе застане Русија. Путин има имагинација на КГБ агент. Никој не знае која друга земја утре би можела да биде нападната. Можеби Поска, Чешка, Романија или Бугарија? Токму затоа, единството и солидарноста со Украина за нас е од витално значење“, истакнал поранешниот украински претседател.