Актерката од „Пријатели“ објави една од легендарните сцени: „Каква штета…“

од Radmila Tasevska
330 прегледи

Од Пери се прости и канадскиот премиер Џастин Трудо, кој го познава актерот од училиштето во кое учеле заедно.

Холивуд преку социјалните мрежи се збогува со саканиот ТВ актер Метју Пери од серијата „Пријатели“, кој во саботата беше пронајден мртов на 54-годишна возраст во својот дом во Лос Анџелес.

Американските медиуми пишуваат дека Пери бил пронајден мртов во када или џакузи и дека наводно се удавил.

Ко-ѕвездата на „Пријатели“ Меги Вилер, која ја играше неговата девојка Џенис во првата сезона, на Инстаграм сподели сцена од серијата каде таа се смее со Чендлер Бинг, омилениот лик на серијата.

– Каква штета. Метју Пери, на сите ќе ни недостасуваш. Тој продолжува да ја живее радоста што им ја донесе на толку многумина во неговиот прекраток живот. Се чувствувам благословена за секој креативен момент што го споделивме, рече таа.

Канадскиот премиер Џастин Трудо исто така се прости од Пери, кој го познава актерот роден во Канада од училиштето во кое заедно учеле.

– Никогаш нема да ги заборавам игрите што ги игравме во училишниот двор и знам дека луѓето ширум светот никогаш нема да ја заборават радоста што им ја донесе. Фала што нè насмеа, Метју. Те сакавме – и ќе ни недостигаш, напиша тој.

Шенен Доерти, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“ на Инстаграм се прости од пријателот со која пораснала.

– Порано бевме банда. Сите заедно пораснавме дружејќи се во кафулето Формоза. Секогаш имаше смеа – Мет, Роџер, Дејвид и Роксана. Секогаш се забавувавме и се поддржувавме. Мет и јас имавме состанок на Денот на вљубените. Сакаше да резервира ресторан во Малибу, но не можеше, па татко ми го направи тоа за него. Тој зборуваше за него цела вечер. Нашето пријателство траеше долго, всушност цел живот. Знам дека многумина ќе зажалат, особено нашата мала група. Тој ќе им недостига на многумина. Чувствувам шок и тага, напиша таа.

Морган Ферчајлд (73), мајка на Чендлер Бинг во серијата „Пријатели“, била шокирана од смртта на Пери.

– Срцето ми е скршено поради прераната смрт на мојот „син“. Шокирана сум од загубата на толку брилијантен актер. Сакам да изразам сочувство до семејството и пријателите, напиша таа.

Слични содржини