Единаесет климатски активисти на демонстрации во Берлин во понеделникот, повторно ги блокираа улиците, протестирајќи против фрлањето храна и за органско земјоделство. Тие повторно, како и минатиот викенд, се залепија за асфалтот од западниот дел на фреквентниот градски автопат А100, што предизвика долги колони, на инаку многу фреквентниот дел од автопатот.
Локалните медиуми јавуваат дека гневните возачи излегувале од автомобилите и се обиделе насилно да ги тргнат демонстрантите од патот.
Активистите на организацијата „Последна генерација“ протестирале против фрлањето храна и намалувањето на емисиите на стакленички гасови. Овие протести траат веќе неколку недели во Берлин, Хамбург и Минхен.
„Демонстрантите до 10 часот блокираа три влеза на автопатот во Берлин“, изјави во понеделник портпаролката на полицијата. Таа додаде дека во блокадите учествувале 27 активисти, од кои 11 се залепиле за асфалтот.
Портпаролката рече дека не може да каже колку луѓе се приведени од почетокот на протестите. Според информациите од веб-страницата на организацијата, до петокот биле приведени 50 лица.