282
Околу 200 луѓе загинаа денеска во израелски напад врз училиштето Ал-Факура во Појасот Газа, јави Ал Џезира.
„Како резултат на израелската експлозија во училиштето Ал-Факура, загинаа околу 200 луѓе“, пренесува ТВ каналот.
Најмалку 12 лица загинаа, а повеќе од 50 беа повредени во израелскиот напад врз училиштето Ал Факура на почетокот на ноември.
Училиштето во северниот дел на Газа е раководено од Обединетите нации.