Австралија мора да се брани, изјави денес австралискиот премиер Ентони Албанезе, одговарајќи на прашање дали враќањето на Доналд Трамп како претседател на САД значи дека Австралија треба да ја преиспита својата одбранбена стратегија.
Австралија го продлабочи својот долгогодишен воен сојуз со САД под претходникот на Трамп, Џозеф Бајден, кко и преку преку договорот „AUKUS“, 40-годишен одбранбен проект за купување и изградба на нуклеарни подморници, објави Ројтерс.
„AUKUS“ е поддржан од двете главни политички партии во Австралија, а Албанезе рече дека нема да биде предмет на преговори ако изборите во сабота резултираат со малцинска влада.
Високите царини на Трамп и непредвидливата дипломатија, вклучително и пресвртот на политиката на САД во врска со војната во Украина, предизвикаа дебата за тоа дали Австралија треба да ги зголеми своите воени трошоци за да стане посамостојна, соопшти агенцијата.
На прашањето по говорот во Националниот прес-клуб во Канбера дали се потребни промени, Албанезе рече дека Австралија гради свои независни одбранбени капацитети, вклучително и воспоставување домашно производство на ракети.
„Мора да се браниме“, рече тој, осврнувајќи се на Џон Кертин, премиерот од Лабуристичката партија за време на Втората светска војна, за кого рече дека разбрал дека „поклонувањето пред Велика Британија… нема да ја одбрани Австралија“.
Австралија одржува избори на 3 мај, а анкетите на јавното мислење предвидуваат дека Лабуристичката партија на Албанезе ќе освои мнозинство гласови, пренесува Танјуг.