12
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека платформата ТикТок ќе биде затворена деновиве, додавајќи дека „причина за тоа е што ТикТок е токсичен за децата“ и оти, според него, 95 отсто од родителите во Албанија се преплашени од платформата.
– За неколку дена оваа платформа повеќе нема да биде достапна во Албанија, ТикТок е многу токсичен, особено за децата, а 95 отсто од родителите во Албанија се преплашени. Суспензијата сè уште не е завршена, проценуваме дека ќе се направи во рок од неколку дена. Ние, исто така, се вклучуваме во конструктивен дијалог со нив, наведе Рама.
Тој посочи дека „ќе биде затворен и повторно отворен за период додека ТикТок ги исполни сите наши барања“.