Албанскиот премиер, Еди Рама, изјави дека владата одлучила да ја блокира платформата Тик Ток. На средба со родителите и наставниците околу новиот план за мерки за безбедност во училиштата, тој рече дека веќе е направен план за конкретни мерки за блокирање на Тик Ток.
Додаде дека Тик Ток ќе биде затворен една година, но за тоа ќе бидат потребни шест до осум недели.
-Ги направивме сите наши истражувања од технолошката страна и ќе ни требаат 6 до 8 недели почнувајќи од почетокот на следната година и за 1 година целосно ќе го затвориме за сите. Во Република Албанија повеќе нема да има Тик Ток. Потоа во текот на оваа година ќе видиме какви мерки ќе преземат другите земји или како може да реагира самиот Тик Ток. Тоа е наша должност, рече Рама.
Тој искажа целосна поддршка за министерката за образование, Огерта Манастирлиу, додавајќи дека “како што го подобри здравствениот, така ќе го подобри и образовниот систем“.