Албанија оваа година очекувала над 100 илјади туристи од Украина

од Milan1
234 прегледи

Странските туристи, минатата година, кога немаше никакви ограничувања за влез поради ковид-19 “, како претходната, во Албанија „донеле” 1,9 милиони евра.Според статистиката на Централна банка на Албанија приходите во туризмот, споредено со претходната, пандемска, година и ограниченото движење, се повисоки за 922 милиони евра.

Доколку се направи споредба со 2019 година тогаш приходите од странските туристи се помали за околу 171 милион евра. Албанските граѓани пак, поради рестриктивните мерки во многу држави, но и намалените приходи, патувале и трошеле помалку во странство.

Според Централна банка лани споредено со 2019 година тие, надвор од земјата, потрошиле 510 милиони помалку. Малиот број албански граѓани кои патувале во странство го подобрил билансот во туризмот, така што албанската економија добила повеќе приходи, а помалку се одлеале во сранство.

На овој начин во текот на 2021 година во земјава останаа 840 милиони евра. Очекувањата се дека годинава нема да биде позитивна и за туризмот. Тоа е затоа што Украина е една од земјите со најголем број организирани туристички тури кои доаѓаат во земјата а секоја година се поголем е и бројот на туристи од Русија, Белорусија и Полска. Само од Украина се очекуваше ова лето на албанското крајбрежје на летуваат над 100 илјади туристи.

Слични содржини