Албанија воведува пофлексибилно работно време за вработените во јавната администрација

од Илинка Илиоска
47 прегледи

Албанската влада денеска донесе одлука, која стапува во сила веднаш, за пофлексибилно работно време за вработените во јавната администрација.

Државната министерка за јавна администрација и антикорупција Адеа Пиндери ги објави временските рокови кога ќе треба да работат вработените во јавните институции.

Според одлуката административните службеници од понеделник до четврток ќе работат осум и пол часа а во петок 6 часа.

– Во работните денови задолжително треба да бидат присутни на работното место во временскиот период од 9:30 до 15:30 часот, додека преостанатиот дел од работното време може да се заврши со избирање да се започне со работа порано или да се заврши подоцна, рече Пиндери по седницата на владата.

Дообјасни дека ќе бидат опфатени над  130 илјади вработени во институциите на државната администрација, независни институции и локалните самоуправи.

Слични содржини