Албанската војска купила три турски дронови Бајрактар ТБ2

од Radmila Tasevska
184 прегледи

Албанија купила три беспилотни летала Бајрактар ТБ2 од турско производство, моделот што украинските сили почнаа да го користат во конфликтот со Русија, соопшти денес ПР службата на албанската влада.

Во соопштението не се дадени информации за цената што е платена за беспилотните летала, кои носат лесни ласерски наведувани бомби, но се вели дека договорот е потпишан во вторникот, пренесе АП.

Албанскиот премиер Еди Рама рече дека беспилотните летала ќе бидат вооружени и подготвени за борба и изрази надеж дека тоа „никогаш нема да се случи“.

Слични содржини