Албански државјанин уапсен на „Блаце“ бил баран од Германија поради дрога

од Milan1
79 прегледи

„На 20.03.2025 на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода В.С.(34) од Република Албанија затоа што при пасошка контрола било констатирано дека за лицето е распишана меѓународна потерница од Интерпол-Германија за сторено кривично дело „трговија со дрога“, информираат од МВР.

Полицијата денеска соопшти дека Основниот суд Скопје му одредил 30-дневен екстрадиционен притвор на лицето кое е пренесено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје.

Слични содржини