Албански фудбалер за малку ќе изгорел жив во Ферари

од Симе Стоиков
211 прегледи

Албанскиот репрезентативец од Лацио, Елсеид Хисај, благодарение на голема среќа избегна трагедија.

Имено, неговото 160.000 евра скапо Ферари се запалило додека возел. Вратите автоматски се заклучиле, но дефанзивецот на Лацио и неговиот дедо кој бил во автомобилот некако успеале да побегнат од автомобилот.

Тоа го потврди и самиот Хисај, кој даде изјава за „Ил Месаџоро“.

„Автомобилот наеднаш се запали. За среќа, нема повредени. Успеавме да се спасиме од опасност“, рекол Хисај.

Инцидентот се случил во понеделникот, но во јавноста „протече“ дури во петокот. Истиот извор објави дека Хисај тренираше нормално во четврток и дека ќе биде во конкуренција за мечот што небесносините го играат против Салернитана во петок навечер.

Слични содржини