Албанскиот премиер утре во официјална посета на Турција, албанската опозиција на протест пред влада

од Radmila Tasevska
341 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама утре заминува во официјална посета на Турција, каде во Анкара ќе се сретне со неговиот „личен пријател“, претседателот Реџеп Тајип Ердоган, јави Топ чанел.

Рама за време на оваа посета ќе го придружува министерот за Европа и надворешни работи Игли Хасани а се очекува и потпишување на неколку договори.

-За време на трите владини мандати, Рама секоја година е редовен посетител на Турција. Претседателот Ердоган ја посети Албанија на 17 јануари 2022 година, кога свечено ги даде во употреба новите становите во Лач, изградени од владата на Турција, по разорниот земјотрес што земјата ја погоди на 26 ноември 2019 година, додава телевизијата.

Од друга страна, обединетата опозиција предводена од Демократската партија, утре ќе одржи протест пред влада во 17:30 часот под мотото „Или денеска или никогаш“.

-За безбедноста, според полицијата ќе бидат ангажирани над 1.100 полицајци, вклучително и припадниците на специјалната единица „Ренеа“, единицата за брзо распоредување, како и Националната гарда. Полициски кордон ќе има пред објектот на Влада и периметарот околу него. На терен ќе бидат вклучени и цивилни агенти кои ќе го следат текот на протестот а вратите на владата ќе бидат заштитени со метална обвивка. Ќе има и цистерни со вода доколку има потреба во случај на инциденти, соопшти полицијата.

Поставени се камери со висока резолуција долж целиот булевар „Народни херои“, каде се наоѓа владината зграда. Забрана за сообраќај ќе има на овој и на плоштадот „Мајка Тереза“, како и повеќе улици во ова подрачје на Тирана, два часа пред почетокот па се до завршување на протестот.

Слични содржини