Албанските иселеници лани испратиле рекордни милијарда евра во Албанија

од Milan1
390 прегледи

Евростат соопшти дека личните трансфери што жителите на земјите од Европската унија ги испратиле во Албанија минатата година биле на рекордно ниво и изнесуваат 1,03 милијарди евра.

Во однос на 2013 година, од кога Евростат ги објавува податоците за Албанија личните трансфери се зголемени за 33 отсто. Според Евростат, од 2008 до 2020 година околу 700 илјади албански државјани добиле дозвола за престој во една од земјите на Европската унија.

Според претставниците на албанскиот пазар, оваа тенденција е поврзана со фактот дека поради физичките ограничувања за патување во време на пандемија, многумина биле принудени да користат формални канали за да испраќаат пари до своите роднини, за разлика од другите години, кога дел од парите ги испраќале по познати лица или роднини, наведуваат албанските медиуми.

Слични содржини