314
Актерот Алек Болдвин по вторпат е обвинет за убиство од небрежност на кинематограферката Халина Хатчинс на сетот на вестерн-филмот „Раст“.
Обвинението во сојузната држава Ново Мексико доаѓа неколку месеци откако обвинителите ги отфрлија претходните обвиненија против актерот. Локалните обвинители наведуваат дека нашле дополнителни факти поради кои бараат ново судење..
Ако биде прогласен за виновен, Болдвин би можел да добие до 18 месеци затвор..
Шеесет и петгодишниот Болдвин вежбал со пиштолот „Колт“ пред да снима сцена, кога случајно бил истрелан еден куршум, кој фатално ја погодил 42-годишната Хачинс..
Тој негираше дека го повлекол чкрапалото и рече дека не е одговорен за нејзината смрт.