Ален на средба со Курти: Косово припаѓа во ЕУ и НАТО, да се спроведат договорите со Србија

од Илинка Илиоска
321 прегледи

Американската државна потсекретарка за јавна дипломатија Елизабет Ален, која престојува во Косово, по средбата со претседателката на државата, Вјоса Османи, беше примена и од косовскиот премиер, Албин Курти.

Ален на платформата Х напиша дека „Косово припаѓа во ЕУ и НАТО“, а го повтори и барањето на Вашингтон за спроведување на договорите со Србија.

„Ја ценам длабоката дискусија со косовскиот премиер Албин Курти. Косово припаѓа во ЕУ и НАТО. Ние бараме целосна имплементација на сите договори што Косово и Србија ги постигнаа во рамките на Дијалогот олеснет од ЕУ“, напиша Ален.

Претходно, американската дипломатка се сретна и со претседателката Вјоса Османи, со која потпиша договор за разбирање меѓу владите на Соединетите Американски Држави и Република Косово, против манипулациите со информации од други држави.

На заедничката прес-конференција по потпишувањето на договорот, Ален рече дека со Османи разговарале и за „критичните прашања на евроатлантскиот пат на Косово“, оценувајќи дека „суштинскиот чекор кон евроатлантскиот пат на Косово (е) напредокот на Косово во врска со формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство“.

Слични содржини