28
Поранешниот албански премиер и експретседател, демократот, Сали Бериша, денеска и официјално е обвинет за корупција во рамки на досието „Партизан“.
Бериша (80), кој од 30 декември минатата година е во домашен притвор денеска излезе за првпат од неговиот дом и се појави во Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, каде беше запознаен со обвинителниот акт, за кој истрагата траела четири години.
Тој се товари за „пасивна корупција на високи државни функционери и локални избраници“ и продолжува да биде во домашен притвор. Под ова обвинение, може да добие казна затвор во траење од 8 години.