Алонсо останува во Астон Мартин

од Симе Стоиков
169 прегледи

Двократниот светски шампион во Формула 1 и возач на Астон Мартин Фернандо Алонсо изјави дека нема да го напушти британскиот тим на крајот од сезоната.

Актуелниот договор му се истакна, но Алонсо потпиша нов и соработката ќе продолжи и во иднина.

Шпанецот е во Астон Мартин од 2023 година, а претходно се раздели со Алпина.

Во текот на кариерата настапуваше и за Минарди, Мекларен, Ферари, Рено, претходникот на Алпинa, во коj двапати ја освои титулата шампион во 2005 и 2006 година.

Шпанецот во Ф1 забележани 32 победи, освоени 22 пол-позиции и 2.291 бод. Досега има учествувано на 384 Гран при трки.

Алонсо е најстариот возач на најбрзиот караван, а неколку пати изјави дека е мотивиран како никогаш досега.