Од повеќе од 200 компании со најмалку 1 милијарда долари годишен приход, ниту една не прави доволно за намалување, повторна употреба и рециклирање на пластиката во своите производи, според новиот извештај на застапничката група As You Sow и консултантската фирма Ubuntu, која нуди решенија за одржливост за големите корпорации.
Дури 107 од 225 компании, вклучувајќи ги Amazon и Macy’s, добија најниска оценка F (единица). Во извештајот исто така се тврди дека „интензитетот на пластиката“ всушност се зголемува – што значи дека количината на пластика што се користи за генерирање на секој долар се зголемува.
Беа анализирани 225 компании од 15 индустрии, кои на секоја компанија и доделија оценка на скалата од А до Ф, во зависност од нивните достигнувања во намалувањето на количината на пластика што ја користат, подобрувањето на рециклирањето на нивните производи и повторното користење на пластичен отпад по потрошувачката.
Речиси секоја втора компанија доби недоволен рејтинг
Ниту една компанија не доби највисока оценка А (петка). Најчестата оценка, која ја добија 107 компании – скоро половина – беше F.
Само 4% од компаниите заработиле оценка B-минус (4-) или подобра. Модната куќа Стела Макартни е највисоко рангирана компанија на листата со рејтинг B-плус. Солидни се и Coca-Cola Co., H&M Group, SC Johnson и Keurig Dr Pepper, со рејтинг B.
Меѓу 46-те компании оценети C (тројка) се Diageo, Starbucks Coffee Company и Natura & Co. Walmart, Nestle и Colgate-Palmolive поминаа малку подобро, секој со оценка C-плус. Apple, Clorox, Mars, McDonald’s и Target имаа оценки C-минус.
На дното на листата, со оценка D (двојка), има 64 компании. PepsiCo доби D-плус. ИКЕА е оценет со D-минус, заедно со производителите на т.н од вечните хемикалии PFAS 3M и Dow.
Дури 107 компании беа оценети со F, вклучувајќи ги Amazon, General Mills, Macy’s, Campbell Soup Company и Grupo Bimbo. Повеќето компании поставуваат цели кои се премногу ниски и бавно напредуваат во исполнувањето на истите, според истражувачите. Конкретно, козметичките компании заостануваат во своите силни амбиции.
Изработка на производи кои се вистински за рециклирање беше најчеста цел, поставена од 147 компании. Но, само 22 компании беа на пат да го постигнат тоа.
– Има огромна разлика помеѓу рециклирањето што е теоретски или технички возможно и рециклирањето во пракса и во голем обем – предупредува Венки Киди, ко-основач на Ubuntu, додавајќи дека компаниите треба да ја дефинираат можноста за рециклирање за да можат потрошувачите да ги вратат пакувањата на рециклирање.
Извештајот, исто така, покажа дека 43 компании истражуваат повторна употреба на пакување во пилот-проекти, вклучително и формати без пакување и повторно полнење. Но, овие демо проекти не се дел од секојдневната деловна практика, според авторите.