Маж (61) почина од сериозни повреди откако бил повлечен од моќното магнетно поле на магнетна резонанца бидејќи носел дебел метален ланец околу вратот. Несреќата се случила пред неколку дена во медицинска установа на Лонг Ајленд, потврдија локалните власти во петокот.
Според соопштението од полицијата на округот Насау, 61-годишникот не бил пациент, туку бил придружуван од лице кое требало да го изврши снимањето. Тој влегол во собата каде што се наоѓал уредот без дозвола.
Сведоци раскажале за американската телевизиска станица „CBS“ како човекот ги игнорирал предупредувањата на персоналот да не влегува во собата додека уредот работи. Наводно, го направил тоа затоа што член на неговото семејство кој бил на проверка побарал помош. Според американските медиуми, станувало збор за неговата сопруга која врескала.
Несреќниот маж претрпел повреди опасни по живот веднаш по инцидентот бидејќи магнетот го влечел со сета сила, а починал еден ден подоцна во Универзитетската болница Норт Шор.
Официјалната причина за смртта сè уште не е објавена, но лекар од болницата Норт Шор објасни за „CBS“ што можело да се случи. „Доколку ланецот бил завиткан околу вратот, можам да замислам секакви повреди што можеле да доведат до задушување.
Полицијата спроведува истрага, но засега не се сомнева во кривично дело.