69
Американец е уапсен на скопскиот аеродром откако граничните полицајци утврдиле дека тој го пречекорил дозволениот туристички престој во земјава, соопшти МВР.
„На 06.11.2024 во 08.20 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници го привеле Х.Д.С.(66) од САД затоа што при извршена контрола и проверка било констатирано дека го пречекорил дозволениот туристички престој. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка“, информираат од МВР.