Американски медиуми: ЦИА понуди отпремнини за целата работна сила за да се усогласи со приоритетите на Трамп

од Aneta Risteska
18 прегледи

Централната разузнавачка агенција им понудила отпремнина на сите вработени наведувајќи ја целта да ја усогласи работата на агенцијата со приоритетите на американскиот претседател Доналд Трамп, јавија американски медиуми повикувајќи се на извори.

Портпаролот на ЦИА во соопштение наведе дека потезите биле наменети да ја усогласат агенцијата со целите на новиот директор Џон Ретклиф.

„Директорот Ретклиф брзо се движи за да се осигури дека работната сила на ЦИА одговара на приоритетите на администрацијата за национална безбедност. Тие потези се дел од сеопфатната стратегија за внесување на агенцијата со нова енергија“, се вели во соопштението на портпаролот на ЦИА.

Агенцијата не го открива буџетот или бројот на луѓе што ги вработува. За истата информација први објавија Волстрит џурнал.

Извештајот за понудите за отпремнина е во согласност со   преуредувањето на владата на САД што го започна администрацијата на Трамп, која отпушти и остави настрана стотици државни службеници во првите чекори кон намалување на бирократијата.

Тој потег е дел од масивниот ремонт на американската влада од страна на Трамп, кој вети дека радикално ќе ја намали федералната работна сила во име на ефикасноста и штедење.

Извештајот за понудите за отпремнини во ЦИА – чија работа со собирање странски разузнавачки информации е од витално значење за националната безбедност на САД – дојде само неколку часа откако Трамп објави  шема за САД – да го „преземат Појасот Газа“.

Слични содржини