Американски сенатор повика на убиство на Путин: Постои ли Брут во Русија

од Milan1
286 прегледи

Американскиот сенатор Линдзи Грахам повика „некој во Русија“ да го убие претседателот Владимир Путин со што, како што рече, „би направил голема услуга на Русија и на остатокот од светот“.

Некој во Русија би требало да го стори тоа и да се „ослободите од тој тип“, рече сенаторот за време на гостување во телевизиска емисија.

Потоа тој објави низа твитови во кои нагласи дека „Русите се единствени кои можат да го сторат тоа“.

Постои ли Брут во Русија?, праша Грахам, реферирајќи се на зборовите на Јулие Цезар.

Исто така праша и дали во руската војска постои „полковник Штауфенбергер, но поефиксен“, овојпат говорејќи за германскиот полковник Клаус фон Штауфенберг, организатор на неуспешниот атентат на Адолф Хитлер во 1944 година.

Би направиле голема услуга на вашата земја и на остатокот на светот, додаде тој.

Линдзи Грахам, некогаш близок сојузник на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп , во Сенатот претстави резолуција во која се осудува рускиот претседател и неговите воени старешини, обвинувајќи ги дека прават „воени злосторства“ и „злосторства против човештвото“.

Слични содржини