Американски сенатор повторно повика на убиство на Путин

од Milan1
316 прегледи

Републиканскиот сенатор го повтори повикот рускиот претседател да биде „отстранет“.

Републиканецот од Јужна Каролина, сенаторот Линдзи Греам, кој претходно овој месец рече дека некој треба да го убие Владимир Путин, ја повтори својата идеја.

„Се надевам дека ќе биде отстранет, на еден или друг начин“, им рече Греам на новинарите во Вашингтон во средата. „Не ми е грижа како ќе биде отстранет. Не ми е гајле дали ќе го испратиме во Хаг и ќе го судиме. Само сакам да си замине“.

Греам, наводно, рекол дека го гледа атентатот на Путин како пожелна опција за соборување на рускиот претседател, исто како што навести во објавата на Твитер на почетокот на март кога прашал: „Дали има Бруту во Русија? Дали има успешен полковник Штауфенберг во руската армија“?.

„Тој е воен злосторник. Посакувам некој да го убиеше Хитлер во 1930-тите. Значи, да, Владимир Путин не е легитимен лидер. Тој е воен злосторник“, рече тој.

Народот на Русија ќе „има нулта иднина“ ако продолжи да го следи Путин, рече Греам, додавајќи дека ако Соединетите Држави продолжат со напорите да и помогнат на Украина да се одбрани преку санкции кои „ја задушуваат руската економија“, руските сили ќе се подигнат и ќе стават крај на кризата. „Мислам дека светот е подобар без Путин, колку побрзо, толку подобро“, рече тој.

Коментарите на Греам дојдоа во време на ескалација на антируската реторика во Вашингтон. Претседателот Џо Бајден во средата за прв пат го нарече Путин „воен злосторник“, еден ден откако Сенатот ја поддржа резолуцијата со која рускиот претседател се нарекува така.

Слични содржини