Американски сенатор: Размислете за забрана на TikTok во САД

од Radmila Tasevska
144 прегледи

Американскиот сенатор, Чак Шумер, денес најави дека треба да се разгледа предлогот за забрана на социјалната мрежа TikTok во САД.

Американските власти изразија загриженост дека Кина би можела да ги искористи домашните закони за да изврши притисок врз TikTok или компанијата која е сопственик на BiteDance да ѝ ги предаде податоците на американските корисници на кинеската влада кои би можеле да се користат за разузнавачки или дезинформации, според Си-Ен-Ен.

„Знаеме дека има кинеска сопственост на компанијата што го поседува TikTok. И има некои луѓе во Комитетот за трговија кои го разгледуваат тоа во моментов“. Ќе видиме до каде ќе одиме со тоа“, рече Шумер.

Слични содржини