Американски суд го потврди законот што може да доведе до забрана на „ТикТок“, Трамп е против

од Milan1
38 прегледи

Американски сојузен суд ја потврди уставноста на законот кој може да доведе до забрана на платформата „ТикТок“ во САД, соопшти денеска Апелацискиот суд во округот Колумбија.

Судот пресуди дека законот бара „ТикТок“ да ги прекине врските со матичната компанија „Бајтденс“ од Кина или да биде забранет почнувајќи од 19 јануари. Одлуката дојде откако компанијата тврдеше дека забраната е спротивна на Уставот на САД и слободата на говор.

Во меѓувреме, новоизбраниот претседател Доналд Трамп, кој се обиде да го забрани „ТикТок“ во својот прв мандат, изјави дека сега е против забраната и ќе работи на „зачувување на социјалните медиуми“.