Американски судија: Администрацијата на Трамп можеби нелегално депортирала мигранти спротивно на претседателска наредба

од Љубиша Владимиров
32 прегледи

Американскиот окружен судија Џејмс Боасберг, во средата пресуди дека постои разумно сомневање дека службеници од администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп, се кривично одговорни за неисполнување на неговата наредба од средината на март, со која се забрануваше депортација на наводни членови на венецуелска банда. Судијата му даде можност на Министерството за правда да се произнесе по оваа одлука, додавајќи дека сè уште размислува за следните чекори кои би ги презел, вклучувајќи и можност за изрекување парична казна.

Станува збор за настан од минатиот месец, кога администрацијата на Трамп испрати три авиони со таканаречени илегални мигранти во Ел Салвадор, каде што потоа завршија во затвор.

„Судот не ја донесе оваа одлука лесно или набрзина. Исто така, на обвинетите им беше дадена низа можности да ги објаснат своите постапки. Ниту еден од нивните одговори не беше задоволителен“, изјави судијата Боасберг.

Слични содржини