Американските воздухопловни сили бомбардираа ирански објекти со бомби од 12 тони

од Milan1
13 прегледи

Во нападот на американските воздухопловни сили врз иранските нуклеарни објекти во Фордоу, Натанц и Исфахан синоќа, беше употребен посебен вид деструктивно оружје, бомбата „МОП“.

Тоа е најмасивната конвенционална, ненуклеарна воздушна бомба што се користи во светот денес, поголема дури и од таканаречената „мајка на сите бомби“ „GBU-43/B MOAB (Massive Ordnance Air Blast), првпат употребена во Авганистан во 2017 година, објави „Си-Би-Ес њуз“ (CBS News).

Бомбите „МОП ГБУ-57“ тежат повеќе од 12 тони и можат да ги носат само бомбардерите Б-2 Спирит, максимум две по авион испратен во борбени операции.

Бомбата може да навлезе подлабоко во непријателскиот терен од која било друга конвенционална бомба во светот и е специјално дизајнирана и постојано надградувана за да се користи за уништување на длабоко закопани стратешки цели, вклучувајќи ги и иранските нуклеарни објекти.

Слични содржини